Меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ во 2023 година по повод 60 години од земјотресот во Скопје
По повод 60 години од Скопскиот земјотрес и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге, Архитектонски факултет, УКИМ во Скопје на 7-ми и 8-ми јуни, 2023 година ќе организира меѓународна научна конференција насловена „Проект Скопје“. Светските архитекти и истражувачи од Јапонија, Холандија, Грција, Италија, Полска и САД, 60 години по земјотресот и планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на солидарноста, светската соработката, архитектурата и изградбата на разурнатите градови и заедници.
Read more: Меѓународна научна конференција „Проект Скопје“ во 2023 година
Фотографии од предавањето на доц. д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино насловено „Употреба, симбол, архитектонски елементи„ кое се одржа во амфитеатарот на АФС при УКИМ во Скопје на 9 мај 2023. Автор на фотографиите е Бојана Исијанин.

Ве покануваме на предавањето на доц. д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино со наслов „Употреба, симбол, архитектонски елементи“ кое ќе се одржи во вторник 9. мај 2023 год. со почеток во 20.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет Скопје.
Read more: д-р Манфредо ди Робилант од Политехничкиот Универзитет во Торино

|
Отворен е повикот за учество на EUROPAN 17 за млади професионалци и мастер студенти (кои имаат Bachelor диплома), на тема: “Living cities/2 – Reimagining architectures by caring for inhabited milieus”. EUROPAN 17 обезбедува платформа за изработка на идејни проекти за 52 локации во градовите во 12 европски земји. Повеќе информации можете да добиете на веб страната:www.europan-europe.eu |
||
Рок за доставување на апстракт на труд: 30 април, 2023 (детали тука)
Рок за рана регистрација за учество на Симпозиумот: 30 мај, 2023 (детали тука)
На локацијата на која ќе се одржува Симпозиумот ќе биде обезбеден специјален изложбен простор за спонзорите и поддржувачите на настанот. Условите за учество со Спонзорство се достапни на следниов линк.
Во периодот од 30-ти март до 2-ри април, во Скопје и на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје во студиска посета престојуваше група од 35 студенти, тројца професори и тројца докторанти. Студентите и професорите се дел од архитектонското студио во четврта година на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино кое работи на темата на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање на урбаниот кварт Ј14-Расадник во општина Кисела Вода. Целта на посетата беше запознавање со градот Скопје, особено со локацијата која е во фокусот на работата на студиото во општина Кисела Вода, градот во целина, како и со работата на студијата и студентите на Архитектонскиот факултет.
Read more: Студиска посета на студенти и професори од Политехничкиот универзитет во Торино на...
![]()
Read more: Предавање „Реконструкција на римскиот театар во Пула“
Фотографии од отворањето на архитектонската изложба Скопје:
нови индустрии на стари локации, отворена на 17.3.2023 година во Галерија 2 во Младинскиот културен центар.
Изложбата ќе биде отворена до 30.3.2023 година.
Фотографиите се на Маја Јаневска.

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината


![]() |
![]() |
Повеќе информации за конкурсот
КОНКУРС - ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2021/2022 година