IN MEMORIAM
Георги Константиновски
(1930 - 2020)
Професорот Константиновски со својата личност, со своето дело, со својот збор, беше еден од столбовите на Архитектонскиот факултет, безвремена парадигма за ликот на архитектот.
Дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет, Скопје (1956) под менторство на проф. Александар Ранковиќ, се стекнал со дипломата Магистер по архитектура од универзитетот во Јеил (Yale University), во Њу Хејвн (New Haven), САД, во 1965, под менторство на Пол Рудолф (Paul Rudolph)и Сергеј Чермаев (Serge Chermayeff). Работел и соработувал со Јо Минг Пеи (Jo Ming Pei), Хенри Коб (Henry Cobb) и Аралдо Косута (Araldo Cossutta) во Њујорк.
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на второто предавање од серијата Декански предавања. Предавањето е насловено: „Разговори за конзервацијата: Треба ли Амазон да го спаси Амазон?“, а ќе се одржи во вторник на 15. декември 2020 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на вториот циклус од серијата Декански предавања, која ќе започне со предавањето на архитектот и професор на Политехника во Милано - Стефан Витс. Предавањето е насловено: „О.М. Унгерс: Елементи и стратегии на урбана трансформација“, а ќе се одржи во среда на 2. декември 2020 год. со почеток во 16:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/84170254168
Изложба на конкурсните трудови од меѓународниот студентски конкурс на тема „Паметејќи ги просторните обрасци на заедништвото: Мала „лоу тек“ архитектура во Лазарополе“, дел од 29тата Сесија на Меѓународната летна школа за архитектура „Омаж на заедништвото“
Проект Скопје
Светските архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.
Со три дневниот „Проект Скопје“, кој ќе се оддржи од 21 до 23 октомври годинава, Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе продолжи со одбележување на 70 годишнината од своето основање и 55 годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на градот Скопје.
Почитувани колеги,
Се известуваат сите студенти на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство на РСМ бр. 09-982/2020 од 10.03.2020 година, на високо образовните институции, вклучително и на Архитектонски факултет, се запираат сите наставно-воспитни процеси во тек на наредните 14 дена, a почнувајќи од 11.03.2020 година. Во текот на овој период студентите не треба да доаѓаат на настава, ниту да престојуваат во просториите на факултетот.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината
![]() |
![]() |
Повеќе информации за конкурсот
КОНКУРС - ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2021/2022 година