Фотографии од отворањето на изложбата на студентски проекти работени во рамки на архитектонската работилница во 9-от семестар, насловена: Нови содржини за Старата скопска чаршија, раководена од педагошкиот тим во состав: проф. д-р Влатко П. Коробар, проф. д-р Јасмина Силјановска и вонр. проф. д-р Марија Мано Велевска. Изложбата се отвори во просторот на SkULL - Skopje Urban Living Lab (Скопска лабораторија за урбано живеење) која се наоѓа во Старата скопска чаршија, а чие основање е партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Градот Скопје, во рамки на меѓународниот проект "ROCK".
Фотографии од излагањето на архитектката и фотографка Маја Јаневска Илиева, која во рамки на програмата „Фактотум“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет на 28.03.2019 година. Фотографиите се на Елена Фидановска.
ИЗЛОЖБА: ОСЛОБОДУВАЊЕ-НА-ПРОСТОРОТ
Национално претставување на Република Македонија на 16-та Меѓународна архитектонска изложба la Biennale di Venezia во 2018 година
МСУ, вторник 12.03.2019 во 20.00 часот
Фотографии од доделувањето на пофалниците и наградите на студентите чии семестрални проекти беа селектирани како најуспешни во рамки на работата на студијата во зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година, а кои беа изложени на 13-то издание на Изложбата на архитектонски студија, одржана од 13-20 февруари 2019 година на Архитектонскиот факултет. Фотографиите се на Елена Фидановска.