Ве покануваме на промоција на публикацијата „Архитектурата на новата музеологија: од музеј-зграда до музеј-територија“, приредена од доц. д-р Мери Батакоја. Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.
Промоцијата е замислена како разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова - Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ - Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ - Скопје, во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , на 26.12.2019 (четврток), во 13 часот.
Промоцијата ќе ја отвори Деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Огнен Марина.
Излагање на коилешките и колегите од ЕАСА Македонија, кои во рамки на програмата „Талент“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе имаат свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во среда, 18.12.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Фотографии од проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“, а во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, беше прикажан во кино салата на Музејот на 6.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од отворањето на изложбата „bau1haus“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор, поставена во Музејот на соверемената уметност во Скопје. Изложбата е реализирана во соработка помеѓу Амбасадата на Германија, Архитектонскиот факултет во Скопје и Музејот на современата уметност - Скопје и е по повод стогодишнината на познатата и исклучително влијателна школа - Баухаус. Фотографиите се на Мила Гавриловска.