Почитувани колеги,
Се известуваат сите студенти на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство на РСМ бр. 09-982/2020 од 10.03.2020 година, на високо образовните институции, вклучително и на Архитектонски факултет, се запираат сите наставно-воспитни процеси во тек на наредните 14 дена, a почнувајќи од 11.03.2020 година. Во текот на овој период студентите не треба да доаѓаат на настава, ниту да престојуваат во просториите на факултетот.
Во текот на денешниот ден, среда, 11.03.2020 година со почеток од 09.00 часот наутро ќе се изврши дезинфекција на сите простории на Архитектонскиот и Градежниот факултет, вклучувајќи ги просториите за настава, кабинетите, комуникациите, тоалетите и другите простории. Утрешниот ден е неработен за сите вработени на факултетот, освен за дежурните лица кои ќе ги определи деканатот.
Се апелира до сите студенти строго да се придржуваат до препораките на Институтот за јавно здравје и да практикуваат рестрикции во социјалните контакти, континуирана дезинфекција на раце и лична хигиена.
Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица, кои доаѓаат од високо и средно-ризичните држави во период од 14 дена. Се препорачува избегнување на патување во земји со висок и среден ризик.
Во случај на појава на симптоми на заболување од корона вирус треба задолжително да се јават на дежурните телефонски броеви за информации од Институтот за јавно здравје (078-387 194) и да го информираат Архитектонски факултет-Скопје за промените на следниот е-мејл: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .
Во текот на наредниот период ќе бидат испратени дополнителни информации со насоки за постапување и продолжување со наставата на факултетот согласно развојот на настаните и препораките на Институтот за јавно здравје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината