ПОКАНА ЗА ОТВОРЕН ДЕН #2 ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL)
Почитувани,
Ве покануваме да присуствувате на вториот Отворен ден што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ
како дел одROCKпроектот*. Во рамки на Отворениот ден #2 ќе бидат презентирани можностите за делување што ги отвора постоењето на Скопската жива градска лабораторија (SkULL) и разменети мислења за можните начини за решавање на проблемите и идниот развој со најразличните креативни индустрии. Мислењата и сугестиите, воедно треба да им послужат на институциите во планирањето на идните активности.
Ве очекуваме во вторник, 17.09. во 11 часот, во просториите на Скопската жива градска лабораторија што се наоѓаат во Старата скопска чаршија - Европската улица бр.11
* ROCK проектот, чиј полн наслов е „Регенерација и оптимизација на културното наследство во градови базирани на креативност и знаење“, е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и во неговата реализација учествуваат Градот Скопје и Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината