download: Poster Saem2015.pdf
Изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“, по повод промоцијата на истоимената книга, го претставува научно-истражувачкиот проект изработен на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Архитектонски факултет, Универзитет во Загреб. Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на градот Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.
Промоцијата и отворањето на изложбата ќе се одржат во галерија „Магаза“ во Битола, на 30 април 2015 година, во 19.00 часот, а изложбата ќе биде отворена до 8 мај 2015 година.
Издавач на книгата е Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Space:Maker
Втора меѓународна работилница за параметрички дизајн и дигитална фабрикација
Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопјево соработка со Епитом колектив од Истанбул ја организираат втората меѓународна работилница за параметричко обликување и дигитална фабрикација во Скопје. Работилницата ќе ги промовира иновативните методологии на параметричко проектирање со интегрирање на комплексни структури во архитектонското обликување, тестирање на добиените структурни и просторни резултати во мерка 1:1.Ќе се користат параметрички софтверски алатки за анализа, генерирање и симулација на тридимензионални структури и форми, а финалниот производ ќе биде павиљон кој ке се користи како посебен простор за изложување на делата на студентите изведен на Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Работилницата ќе се оджи во просториите на УАКС-Факултет за архитектура и дизајн (понеделник 20.04. до среда 22.04.) и Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (од четврток 20-ти април до сабота, 26-ти април, 2015 година).
Учесници и котизација:
Учесниците на работилницата треба да се студенти на технички науки и да имаат основни познавања во користењето на компјутерии Computer Aided Design.Регистрацијата за работилницата ќе започне од 1-ви април, 2015 година, со испраќање на кратко CV на следната е-маил адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. Бројот на учесници е ограничен на максимум 30, а за реализација на работилницата потребно е да се пријават минимум 17 учесници. Уплатата за учество на работилницата изнесува 6000 денари. Крајниот рок за пријавување е 17 април, 2015 година. Уплатата треба да се изврши нa сметката која е објавена на веб страницата на www.skolab.com
Изложба на графики,
работени на предметот ликовно изразување
во учебната 2008-09, 2010-11, 2012-13
коридор 19-30 март 2015, Архитектонски факултет
наставен тим:
вон. проф. м-р наташа милованчев,
ана рафајловска, христина стојчевска, дарко драгановски
download Plakat.pdf
ПРЕДАВАЊЕ
СТАНКО ПАВЛЕСКИ
СКУЛПТОР И РЕДОВЕН ПРОФЕСОР НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ
ЛИНИИ КОН СОНЦЕТО
СКУЛПТУРА ПОСВЕТЕНА НА ГЕМИЏИИТЕ ВО ВЕЛЕС
АМФИТЕАТАР АФ
ЧЕТВРТОК 26.02.2015 18 ЧАСОТ
На ден 18.02 2015 Студентскиот пленум на Архитектонски и Градежен факултет прогласија автономна зона. На факултетите се изведува алтернативна настава организирана од студентите.
www.facebook.com/people/Пленум-Архитектура-Градежен/
RIGHT UNDER YOUR NOSE
Во рамките на соработката на Архитектоскиот факултет од Скопје и факултетот за архитектура при Техничкиот Универзитет од Делфт, нашите студенти престојуваа во Холандија од 27-31.01.2015. Стручното патување беше заокружено со презентација на студентските проекти изработени на интегративното студио Скопје 2014: ОБРАСЦИ НА РАСТ под раководство на Марија Мано Велевска, Слободан Велевски и Огнен Марина како и презентација на трудот на холандските студенти изработен во студиото Transdisciplinary Encounters под раководство на Класке Мариа Хавик. Во амфтеатарот на факултетот за архитектура во Делфт, Професорите Минас Баклачев и Митко Хаџи Пуља го претставија Архитектонскиот факултет од Скопје со предавање насловено Learning Architecture.
Изложба: Архитектонски студија зимски семестар 2014-2015
22-01-2015, 12:00 Архитектонски факултет
Плакат: Изложба архитектонски студија 2015 .PDF
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината
Повеќе информации за конкурсот
КОНКУРС - ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2021/2022 година