arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

000_najaven_poster
001
002
005
006
007
010
011
012
013
014
015
016
017
019
020
021
022
023
024
01/20 
start stop bwd fwd

Со утрешното гостување на Диџеј Дела, кој (со свој музичи сет) ќе настапи во рамки на програмата „Фактотум“, на симболичен начин ќе биде заокружена серијата јавни настани насловени „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“, одржани на Архитектонскиот факултет во Скопје во учебната 2017/18 година.

Замислени како незадолжителна образовна платформа која тече паралелно на формалниот академски курикулум, основна цел на овие јавни настани беше отворање на факултетскиот/академскиот простор за различни идеи, мислења, ставови, погледи, толкувања..., како во однос на специфичните проблеми на архитектурата и архитектонската професија, така и во однос на креативното творештво во целина. Во поширока перпектива, покрај генерирањето на свежо стручно знаење, платформата „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“ имаше за цел одново преиспитување на местото и улогата на факултетскиот простор, во контекст нанашата определба и заложби тој да претставува еден од активните форуми на критичката јавна свест.

Во рамки на програмата „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“ во учебната 2017/18 год. на Архитектонскиот факултет во Скопје се претставија: Марија Ѓорѓиевска,Гунар Хартман(Gunnar Hartmann) и Харун Бадакши (Harun Badakhshi), Давид Стилеру (David Stileru), Никола Ѓорѓиевски; Мариане Шулхауг (Marianne Skjulhaug) и Луис Калјехас (Luis Callejas), Бесијан Мехмети, Сара Симоска, Мартин Пановски, Павел Вељановски, Лукаш Станек (Lukasz Stanek), Марјан Димиќ, Невенка Манчева и Марија Антиќ Николова,Митеш Диксит (Mitesh Dixit), Андреа Ордевска и Наталија Веселинова, Васе Аманито Петровски, Емил Јегени, Јурген Пацак Пор (Jürgen Patzak-Poor), Ивица Спасовски, Звонко Вугрешек, Константин Плевнеш, Андреј Прошевски, Драган Христов..., а со нетрпение го очекуваме утрешниот настап на Диџеј Дела, како и на Едзард Шулц (Edzard Schultz) и Александра Шулевска кои ќе имаат свое излагање на 12.06.2018 год.

На наведените гости искрено им благодариме за учеството во програмата „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“, со покана да ни се придружат на утрешното дружење! Во оваа прилика изразуваме благодарност до Бисера Крцковска за графичкото обликување на најавните постери, како и на Елена Фидановска за фотографското документирање на настаните. На крајот, изразуваме благодарност на сите посетители на одржаните настани (студенти, колеги, пријатели...), кои со својот интерес и присуство ја потврдија и смислата на постоењето и организацијата на платформата „НОВИ ДИЈАЛОЗИ“.

Се гледаме повторно во учебната 2018/19 година!