
На 26.03.2026 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 17.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, студентката Матеа Јегени ќе имаат свое излагање за споделување на искуството стекнато на меѓународната летна школа LOL Landscape of[f] Limits на Политехничкиот факултет во Милано.
Академска посета и размена на знаења
(prof. James (Jim) Carr, Donaghey College of Engineering and Information Technology - University of Arkansas at Little Rock)


Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
• државите членки на ЕУ;
• државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
• Република Србија и Република Турција.
Конкурсот е отворен за:
• 15 студентски мобилности за студирање
Времетраење на студентска мобилност за студирање: еден семестар (зимски семестар)
Право на пријавување
Редовни студенти на:
• прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар;
• втор циклус студии;
• трет циклус студии.
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)
Потребни документи за мобилност на студенти
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страницата на Универзитетот: https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/ или интернет-страницата на факултетот:
• пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
• уверение за положени испити на македонски јазик;
• уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
• уверение за редовен студент - запишан семестар/година (на македонски јазик);
• кратка биографија (Europass model);
• мотивациско писмо.
Задолжително:
• договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС - максимум 30 ЕКТС).
Кандидатите за студентска мобилност, за студирање, лично ја поднесуваат апликацијата во три примероци до Еразмус+ координаторот на факултетот/институтот каде што студираат, најдоцна до 17 април 2026 година.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Селекција на кандидатите
Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно со следниве критериуми:
- академски успех;
- познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата; - мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност.
Поради ограничениот број на мобилности на годишно ниво, а со цел поголем број на студенти да бидат вклучени во овие форми на мобилност, во процесот на селекцијата предност ќе имаат кандидатите кои претходно не користеле Еразмус+ стипендија.
Согласно со Еразмус-повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности. (Види: Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)
Краен рок за поднесување на рангираните апликации - студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 24 април 2026.
Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
|
Програма за работа на факултетското студенстско собране АФС
|
|
Кандидатура за претседател на
ФСС - АФС
|
|
СПИСОК НА СТУДЕНТИ ЗАПИШАН ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2025/2026
|
|
Образец бр.1: Пријава за кандидатура за претседател на факултетското студентско собрание на АФ - Скопје
|

На 12.03.2026 (четврток) во аудиториум (115) на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 17.00 часот во рамките на вон-наставната програма ДОСИЕ АФС, студентите Елена Зареска и Љупка Јорданова ќе имаат свое излагање за споделување на искуството стекнато со ЕРАЗМУС+ програмата во учебната 2024/2025 година.

Во рамките на Денот италијански дизајн во светот, Амбасадата на Р.Италија и Италијанската Трговска Агенција во Скопје, во соработка со Архитектонскиот факултет Скопје при УКИМ во Скопје, организираат Мастерклас по архитектура и дизајн со Simone Micheli Architectural Hero (https://www.simonemicheli.com/), една од најреномираните и најнаградувани архитектонски куќи во Италија.
Фотографии од отварањето на 27-мата Изложба на архитектонски студија -ИАС27 на Архитектонскиот факултет -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изложбата беше отворена на 04.02.2026, а ќе трае до 11.02.2026.
* фотографии Мила Гавриловска
In memoriam

Проф. Никола Павловски
(1939 – 2026)
редовен професор во пензија
Со длабока почит и благодарност се сеќаваме на професор Никола Павловски, истакнат архитект, педагог и истражувач, кој остави траен белег во развојот на архитектонската наука и педагошката практика во Македонија.
Професор Павловски дипломирал во 1962 година на Техничкиот факултет – Архитектонски оддел во Скопје. Својата професионална кариера ја започнал во градежното претпријатие „Пелагонија“, каде што до 1972 година работел на проектирање и реализација на значајни архитектонски објекти. Истата година бил избран за асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметите Проектирање на индустриски и стопански згради, а подоцна учествувал и во наставата по Архитектонски конструкции и Градежни конструкции.
Во текот на 1970-тите години своето стручно и научно усовршување го продолжил во меѓународни истражувачки центри. Во 1976 година престојувал на Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, на катедрата за градежна физика, каде што се специјализирал во областа на дневното осветлување. Дополнително, во периодот од 1975 до 1977 година работел во Building Research Station во Лондон, како и во истражувачки институции во Братфорд и Манчестер.
Хабилитациониот труд „Дневната светлина во архитектонското проектирање“ го одбранил во 1980 година, по што бил избран за доцент. Во 1985 година станал вонреден професор, а во 1991 година редовен професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 1999 до 2001 година ја извршувал функцијата декан на Архитектонскиот факултет.
Како проектант, професор Павловски реализирал бројни и значајни објекти од областа на индустриската, општествената и станбената архитектура. Неговата архитектонска практика се одликува со функционална јасност, рационален конструктивен пристап и внимателен однос кон природната светлина.
Покрај проектантската работа, професор Павловски остави значаен придонес и во научно-истражувачката дејност, особено во областа на архитектонското осветлување. Во текот на својот работен век објавил повеќе научни трудови, со што даде важен придонес во развојот на оваа дисциплина во македонскиот академски контекст.
Неговата посветеност на наставата, науката и архитектонската професија ќе остане трајно вградена во колективната меморија на Архитектонскиот факултет и пошироката стручна јавност.
Со почит и благодарност,
Архитектонски факултет – Скопје
Call for Participation: PhD Talks 2026 – Research in Process, 23–24 March 2026
The Research Center (CID) of the University of Belgrade – Faculty of Architecture invites PhD candidates to apply for participation in PhD Talks 2026, to be held on 23–24 March 2026.

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината


![]() |
![]() |
Повеќе информации за конкурсот
КОНКУРС - ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+
ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2021/2022 година