СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА НАСТАВНО-НАУЧНИОТ СОВЕТ НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ“
На 06.10.2017 година во 13.00 часот, во салата за состаноци на Архитектонскиот факултет во Скопје, по повод 68 години од првиот академски час на Техничкиот факултет во Скопје одржан на 6-ти октомври 1949 година, се одржа свечена седница на Наставно-научниот совет. На седницата беа поканети да присуствуваат и поранешните декани на Архитектонскиот факултет во Скопје, претставници на студентите, како и други гости.
Свечената седница на Наставно-научниот совет ја отвори деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје – проф. д-р Огнен Марина, осврнувајќи се во својот пригоден говор на почетоците и текот на работата на Факултетот во изминатите 68 години. Потоа, на присутните им се обрати професорот Ѓорѓи Константиновски, споделувајќи ги своите лични искуства од студирањето како дел од првата генерација студенти запишани на Техничкиот факултет во Скопје. Во продолжение, продеканот за наставно-научни и студентски прашања, доц. д-р Јован Ивановски, ја претстави програмата за одбележување на 68 години од првиот академски час, планирана за одржување во зимскиот семестар од учебната 2017/18 година. По завршувањето на формалниот дел од свечената седница присутните беа поканети на коктел и неформално дружење.
објавено на 2017-10-16 11:20:42
Simple Picture Slideshow:
Could not find folder /var/www/a5/images/izlozbi/MakArhAtlas
На 18 септември 2017 година, во просториите на Домот на културата „Кочо Рацин“ (Галерија „Ко-Ра) во Скопје, беше отворена изложбата „Македонски архитектонски атлас“, организирана од страна на проф. д-р. Анета Христова - Поповска и доц. д-р Мери Батакоја, а посветена на архитектонската продукција на тлото на Р. Македонија од почетокот до крајот на 20тиот век. На изложбата беа претставени аналитички модели и графички материјал, подготвени како дел од истражувачките активности со студентите во наставата по предметите Архитектонско проектирање 4 и Теорија на архитектурата. Беше прикажан и краток филм, подготвен од авторите на изложбата, кој го презентира овој проект како активна методолошка платформа за акумулирање и комуникација на податоците и знаењето за македонската архитектура.
објавено на 2017-09-29 11:12:11
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината