АФС на АХО
Од 11-14.01 2018 година студентските трудови изработени во рамките на Интегративното студио ОБРАСЦИ НА РАСТ: Неприродни Екологии од IX семестар на Архитектонски факултет под раководство на наставниците Марија Мано Велевска и Слободан Велевски беа претставени на AHO WORKS изложбата на магистерски проекти на факултетот за архитектура во Осло.
Доделување на пофалници и награди од Конкурсот - Индустрија во град, одржана на АФС на 02.02.2018 година во рамки на ИАС11. Автор на фотографиите е Ерина Богоева,
Почитувани,
Ве известуваме дека наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје редовно продолжува од вторник, 14 ноември по вообичаениот распоред. Наставата што се одржува во амфитеатар и голема сала во вторник, 14 ноември по 15:00 часот (Урбанистичко планирање 2, Геоинформациски системи и Теорија на конструкции) и среда, 15 ноември по 16:00 часот (Принципи на статиката, Теорија на архитектурата) нема да се одржи и ќе биде надополнета во договор со предметните наставници.
Студентите од прва година чиј прибор е заклучен во училниците 227, 228 (јужно крило) и голема сала ќе може да го подигнат во вторник, 14 ноември точно во 9:00 часот.
Ве известуваме дека вертикалните комуникации низ зградата ќе функционираат само преку скалишната вертикала во јужното и северното крило. Скалишниот крак во близина на ателјето, како и врската на јужното и северното крило на вториот кат се забранети за користење.
Деканат на Архитектонски факултет
објавено на: 2017-11-13 09:13:56
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината