АФС на АХО
Од 11-14.01 2018 година студентските трудови изработени во рамките на Интегративното студио ОБРАСЦИ НА РАСТ: Неприродни Екологии од IX семестар на Архитектонски факултет под раководство на наставниците Марија Мано Велевска и Слободан Велевски беа претставени на AHO WORKS изложбата на магистерски проекти на факултетот за архитектура во Осло.
Оваа година темата на студиотоја истражувашерелацијата на современиот град, неговата инфраструктура и пејсажот, односно го следеше феноменот на урбаното како артифициелен продукт,проверувајќи ја потребата за негова ре-контекстуализација назад во природата. Резултат на овие комплексни преклопувања се студентски проекти кои успешно создадоаконтрадикторен но истовремено и функционален модел на „неприродна екологија“ што ги потврдува спротивставените карактери на природното и вештачкото во единствена целинапреку просторна идеја за северо-источниот раб на градот Скопје.
Изложбата на проектите беше успешно реализирана, а нивниот квалитет како во истражувачка така и во проектантска смисла беше препознаен и позитивно оценет од колегите во Осло,што претставува дополнителна потврда за успешната работа на нашиот факултет.
Патувањето беше дополнително искористено за стручна посета на релевантни архитектонски објекти во Осло и неговата непосредна околина. Соработката помеѓу АФС и АХО беше поттикната од нашиот поранешен студент Никола Ѓорѓиевски кој оваа сесија успешно го одбрани својот втор магистерски проект (во Осло) комбинирајќи ги можностите на новите академски искуства и соработката со нашето студио... за неговата посветеност и ангажман изминатите неколку месеци искрено му се заблагодаруваме!
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината