Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соособена чест и задоволство Ве известува дека во понеделник, 13.9.2021 г. започнува 30-тата, јубилејна сесија на Летната школа по архитектура. Темата на 30-тата сесија на летната школа е „Essential Places“, гостин тутор е проф. Маруша Зорец од Архитектонскиот факултет во Љубљана, Словенија, а раководител е вонр. проф. д-р Ана Ивановска Дескова. Покрај проф. Зорец, во рамките на летната школа со свои предавања ќе гостуваат: проф. Рива Лава од Архитектонскиот факултет одАтина, Грција, проф. Ања Планишчекод Архитектонскиот факултет од Љубљана, Словенија, проф. Рок Жнидаршиќ од Архитектонскиот факултет од Љубљана, Словенија и проф. Том Емерсон од ETX, Цирих, Швајцарија. Ве покануваме да ги проследите. |
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве известува дека во понеделник, 13.9.2021 г. започнува 30-тата, јубилејна сесија на Летната школа по архитектура. Темата на 30-тата сесија на Летната школа е „Essential Places“, гостин тутор е проф. Маруша Зорец од Архитектонскиот факултет во Љубљана, Словенија, а раководител е проф. д-р Ана Ивановска Дескова. Овогодинешната сесија на Летната школа е организирана како онлајн работилница која ќе се одвива преку платформата „Зум“, во периодот од 13. до 19. септември 2021 година. Летната школа по архитектура ќе ја отвори Деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Огнен Марина, во понеделник, на 13 септември 2021 год. во 12.00 часот. По отворањето ќе следува предавањето на архитект Маруша Зорец со наслов „Unveiling the Hidden“ и предавањето на архитект Јања Шушњар со наслов „Thinking Places“. Отворањето на летната школа и предавањата ќе може да ги следите на следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/88525095294?pwd=SFRJRWthK0FFT3JUWURKTDNMTFNkQT09 |