arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

DSC_6202
DSC_6215
DSC_6224
DSC_6228
DSC_6231
DSC_6232
DSC_6236
DSC_6239
DSC_6250
DSC_6252
01/10 
start stop bwd fwd

 

НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ПРАКТИСКОП
ИЗЛАГАЊЕ НА МАРТИН ПАНОВСКИ / РАДИУС АРХИТЕКТИ

Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 28.11.2017 година на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа второто предавање во склоп на програмата „Практископ“, каде свое излагање имаше архитект Мартин Пановски,еден од основачите на архитектонско биро Радиус архитекти од Скопје. Како најава за говорникот, за професионалниот профил на Пановски пред присутните се обрати д-р Бојан Каранаков, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје.

На почетокот на своето излагање пред бројните студенти, наставници и колеги архитекти, Пановски најпрво ги претстави соосновачите на Радиус архитекти, како и колегите кои го сочинуваат актуелниот креативен тим. Осврнувајќи се на предизвиците со кои се соочува секое проектанско биро кое активно учествува во практикувањето на архитектонската професија во Македонија, Пановски најпрво претстави два проекти за јавни објекти на кои работел пред формирањето на Радиус архитекти, а како партнер во архитектонското биро Студио 2000. Во продолжение, тежиштето на излагањето на Пановски беше насочено кон претставување на дел од многубројните архитектонски проекти кои Радиус архитекти успеале да ги реализираат изминатите неколку години, а кои опфаќаат широк спектар на мерила и намени: ентериери, куќи, станбени згради, деловни и администартивни објекти итн. Од сите предизвици со кои Радиус архитекти се соочувале при проектирањето на претставените проекти, Пановски особено се осврна на проблемите на локациите за градба, најчесто во прегусто изградени урбани ткива, тешко пристапни, со сложена геометрија и топографија, со несоодветна комунална инфраструктура..., а кои на очигледен начин ги отсликуваат последиците од шпекулативното и коруптивното управување со просторот.

Како завршница на своето предавање Пановски се осврна на една од највпечатливите реализации на Радиус архитекти – новиот деловен објект на „Прокредит банка“ во Скопје, отворен во 2016 година, а кој се простира на површина од 6000м2. Пановски објасни дека во конципирањето на нивната замисла за овој објект тие се воделе од идејата за отвореност (на банката како институција), што како замисла потоа се обиделе доследно да го применат во секој сегмент на објектот – од раскошноста на внатрешните „јавни“ просторои, преку населените озеленети рамни тераси, се до порозноста на обвивката и пропуштањето на светлината кон внатрешноста на објектот.