ПОКАНА ЗА ОТВАРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА
HONOURED TO INVITE YOU AT THE EXHIBITION
Изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови“, по повод промоцијата на истоимената книга, го претставува научно-истражувачкиот проект изработен на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Архитектонски факултет, Универзитет во Загреб. Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на градот Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.
Промоцијата и отворањето на изложбата ќе се одржат во галерија „Магаза“ во Битола, на 30 април 2015 година, во 19.00 часот, а изложбата ќе биде отворена до 8 мај 2015 година.
Издавач на книгата е Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината