Вонредна сесија 02, Формат: конкурс
модератор: Владо Данаилов
На 21 ноември 2017-та година на скверот во јужното крило на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа втората Вонредна сесија на тема формат: конкурс.
Соговорници беа архитекти од различни генерации: Трајко Димитров, Мартин Пановски и Никола Стрезовски, а се разговараше за неопходноста од спроведување на архитектонски конкурси, како и за начинот на кој истите се распишуваат, работат, оценуваат. Во текот на разговорот се споделуваа личните искуства на соговорниците - како учесници на конкурси и како членови на жири комисии, а беше образложена и позицијата и улогата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија во борбата за конституирање на институцијата конкурс. Преку неколку примери за нереализирани проектни трудови за места во главниот град се направи обид за раскажување на приказната за никогаш неизградено Скопје. За време на разговорот, како визуелна поддршка, во позадината на платно беа проектирани селектирани конкурсни трудови работени во периодот помеѓу 60-те и 2000-те години. Кон крајот на разговорот и дел од публиката се вклучи во разговорот со неколку прашања и коментари.
објавено на : 2017-11-23 16:16:49
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ПРАКТИСКОП
ИЗЛАГАЊЕ НА БЕСИАН МЕХМЕТИ / БМА
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 16.11.2017 година со почеток во 18 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа првото предавање во склоп на програмата „Практископ“; свое излагање имаше архитект Бесиан Мехмети,основач и сопственик на архитектонско биро – БМА, поранешен студент и соработник во наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Почитувани,
Ве известуваме дека наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје редовно продолжува од вторник, 14 ноември по вообичаениот распоред. Наставата што се одржува во амфитеатар и голема сала во вторник, 14 ноември по 15:00 часот (Урбанистичко планирање 2, Геоинформациски системи и Теорија на конструкции) и среда, 15 ноември по 16:00 часот (Принципи на статиката, Теорија на архитектурата) нема да се одржи и ќе биде надополнета во договор со предметните наставници.
Студентите од прва година чиј прибор е заклучен во училниците 227, 228 (јужно крило) и голема сала ќе може да го подигнат во вторник, 14 ноември точно во 9:00 часот.
Ве известуваме дека вертикалните комуникации низ зградата ќе функционираат само преку скалишната вертикала во јужното и северното крило. Скалишниот крак во близина на ателјето, како и врската на јужното и северното крило на вториот кат се забранети за користење.
Деканат на Архитектонски факултет
објавено на: 2017-11-13 09:13:56
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината