Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на второто предавање од серијата Декански предавања. Предавањето е насловено: „Разговори за конзервацијата: Треба ли Амазон да го спаси Амазон?“, а ќе се одржи во вторник на 15. декември 2020 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/86458141569
Џејмс Весткот е тутор во Архитектонската асоцијација во Лондон, чиј фокус е повторната употреба на материјали. Работејќи со Рем Кулхас и АМО, тој бил уредник на Countryside, A Report (Taschen, 2020), Elements of Architecture (Taschen, 2018) и Project Japan (Taschen, 2011). Предавал на семинар за Антропоценот, и заедно со Митеш Диксит, водел студио на границата меѓу САД и Мексико на Техничкиот Универзитет во Делфт. Тој е автор на книгата „When Marina Abramovic Dies: A Biography“ (MIT Press, 2010), а негови написи за архитектурата, уметноста и екологијата се објавени во Guardian, New York Times, Aeon, и AA Files.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината