Фотографии од отворањето на изложбата на трудовите пристигнати на меѓународниот конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение на ридот Кале во Скопје, отворена на 22.10.2019 година во Музејот на современата уметност во Скопје. Конкурсот и изложбата на пристигнатите трудови претставуваат активности во рамки на проектот „ROCK“ - Уметничка тврдина, чијашто цел е да ја поттикне ревитализацијата и просторното уредување на ридот Кале во привлечна и посетена градска содржина со различни културни, образовни и рекреативни функции. Проектот се реализира во партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет, Музејот на современата уметност и Град Скопје. Автор на фотографиите е Мила Гавриловска.
Aрхитектот Хорхе Хернандез (Jorge Hernandez) од Одделот за архитектура при Техничкиот универзитет во Делфт, Холандија, кој во рамки на програмата „360“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ ќе има свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет во четврток, 24.10.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината