Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“, а во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, беше прикажан во кино салата на Музејот на 6.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од студиското патување во Берлин на наставниците и студентите од Интегративното студио „Нови индустрии на стари локации“ во 9-ти семестар, раководено од доц. д-р Горан Мицковски. Во периодот од 3-ти до 7-ми декември тие имаа можност да посетат повеќе референтни архитектонски градби и културни институции, а во дел од нив беа придружувани од архитектот и учесник во Студиото, гостин-професорот Јурген Пацак-Пор од берлинското студио „БАР архитекти“.