Фотографии од посетата и излагањето на архитектот и професор Френк Флури (Frank Flury) од Институтот за технологија на Илиниоис, САД, кој во рамки на Деканската серија предавања на тема: „Педагогијата во архитектурата“ имаше свое излагање во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет на 11.12.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.
Фотографии од предавањето на Александар Ношпал, кој во рамки на програмата Артитектура имаше свое излагање на Скверот на АФС во четврток, 29.11.2018-та година. Автор на фотографиите е Елена Фидановска.
Фотографии од предавањето на Теа Дамјановска, која минатата среда, 24.10.2018, во рамки на програмата Талент имаше свое излагање на Скверот на Архитектонскиот факултет. СО нејзиното излагање започна реализиацијата на воннаставната платформа Нови дијалози за учебната 2018/19 година.
Фотографии од проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“, а во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, беше прикажан во кино салата на Музејот на 6.11.2019 година. Фотографиите се на Мила Гавриловска.