Младински образовен форум објавува повик за пријавување на учесници на работилница „Students and Public Space: Design Challenge"
Работилницата ќе трае три дена, а ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни 2016 година во канцелариите на МОФ.
Темата на работилницата е осмислување на практични решенија кои ќе бидат применливи на јавните простори науниверзитетските кампуси или студентските домови.
Учесниците ќе имаат можност да создаваат прототипови под менторство на на помлади архитекти и студенти по индустриски дизајн.
Тимот кој ќе го изработи најдобриот прототип ќе има можност да го релизира со финансиска помош од страна на МОФ.