arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

Студиска посета на студенти и професори
од Политехничкиот универзитет во Торино
на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје

Во периодот од 30-ти март до 2-ри април, во Скопје и на Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје во студиска посета престојуваше група од 35 студенти, тројца професори и тројца докторанти. Студентите и професорите се дел од архитектонското студио во четврта година на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино кое работи на темата на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање на урбаниот кварт Ј14-Расадник во општина Кисела Вода. Целта на посетата беше запознавање со градот Скопје, особено со локацијата која е во фокусот на работата на студиото во општина Кисела Вода, градот во целина, како и со работата на студијата и студентите на Архитектонскиот факултет.

Студентите и професорите од Торино на 31 март го проследија предавањето на деканот проф. д-р Огнен Марина за развојот на Скопје, а на 1-ви април, во амфитетатрот на факултетот ги проследија презентациите на студентските проекти изработени во рамките на Интегративното студио „Раст 2.0“ под раководство на проф. д-р Слободан Велевски и проф. д-р Марија Мано Велевски. Гостите од Торино ја посетија и општина Кисела Вода каде остварија средба со градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски и претставниците на општината. На средбата во општината, гостите од Торино имаа можност да се запознаат со деталите за актуелниот меѓународен конкурс за идејно решение на градската четврт Расадник, како и потребите и очекувањата на општината оваа урбана заедница да добие лик кој ќе ја идентификува како хуман кварт за живеење. На средбата присуствуваше и заменик Амбасадорот на Италија во Македонија, Марио Де Роса.

Студиската посета е во рамките на долгогодишната и богатата соработка помеѓу Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје и Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино која ќе продолжи и во иднина, како во делот на високобразовниот процес, така и во рамките на научната и апликативната работа во интерес на заедницата и граѓаните.

Фотографиите се на Мила Гаврилоска и од Општина Кисела Вода.

Cirre-logo-2023

9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024

 

MKD post social-media 1-1

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

ALB post social-media 1-1

Shijo jetën studentore dhe beso në të ardhmen

ПостерГрадотКакоСцена
Градот како сцена: изведување на јавниот простор
 
KonkursEI-2
 
AseismicSummer1
AseismicSummer6
 
thumbnail Logo MEXT
MEXT scolarship
Erasmus
ERASMUS+ конкурс за студентска мобилност 2023-24
Erasmus
Еразмус+ Конкурс за академска мобилност на наставен кадар за учебната 2023-24 година
 

titan2022 
 
Банер SoCoN aaa2022
 
MedjunarodenKoRasadnik 2