Архитектонскиот факултет
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
ИНТЕРЕН КОНКУРС
за избор на демонстратори на студиската програма на интегрираните студии од прв и втор циклус по архитектура во зимскиот и летниот семестар во учебната 2019/2020 година
I Се утврдува потреба од ангажирање на демонстратори на:
1. Институтот за архитектонско проектирање
2. Институтот за урбанизам
3. Институтот за високоградба
4. Институтот за заштита на градителското наследство и историја на архитектурата
5. Институтот за графички комуникации
Согласно член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр.82 од 8.5.2018 година), кандидатот за демонстратор на наставните предмети на студиската програма од интегрирани прв и втор циклус треба да ги исполнува следните услови:
- да биде лице кое е студент на втор или трет циклус на студии од соодветна област и кој студиите од прв циклус ги завршил со просечна оценка од најмалку 8,00 (осум);
- да е студент на студии од интегриран прв и втор циклус од соодветна област кој има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 ( осум).
II Заинтересираните кандидати треба да достават:
- пријава во која ќе наведат за кои предмети се пријавуваат;
- куса биографија (CV)
- доказ за исполнување на условите наведени во интерниот конкурс (потврда за редовен студент и уверение за положени испити).
III Интерниот конкурс се објавува на веб страната и на огласната табла на Факултетот.
IV Листата на избраните кандидати ја утврдува Наставно-научниот совет на Архитектонскиот факултет при што Факултетот го задржува правото да ангажира број на демонстратори според потребите на Факултетот, во зимскиот и летниот семестар во учебната 2019/2020 година.
VI. Документите да се достават во архивата на Архитектонскиот факултетот до 30.9.2019 година, најдоцна до 12,00 часот.
Д е к а н
Вонр. проф. д-р Огнен Марина
ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на демонстратори
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината