III ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2019
III ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2019
Архитектонскиот факултет во Скопје и оваа година зема учество на Демирхисарската летна школа која по трет пат ја организира Општината Демир Хисар, манастирот Св. Јован Претеча – Слепче со поддршка на Министерството за култура.
Работата на Школата беше организирана во неколку секции: Археологија, Архитектура, Дизајн на мебел и ентериер, Теологија и Историја на уметност. Учесници од Архитектонскиот факултет беа студентите Бојана Тоневска, Јордан Лазороски и Кристијан Арсовски под раководство на вонр. проф. д-р Елизабета Касапова. Оваа година архитектите ги истражуваа архитектонските, уметничките но и природните вредности на неколку села во Демир Хисар. Резултатите се изненадувачки во однос на обемот и квалитетот на културното наследство со кое располага овој крај. Истражувањето на секцијата Архитектура во соработка со колегите од Историја на уметноста и Дизајн на мебел и ентериер беше исклучително плодно и збогатено со нови откритија за архитектурата и уметноста во Македонија.
Повеќе информации на:
Demirhisarska Letna Skola
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината