arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

   70GAFS

SKULL

ПОКАНА ЗА ОТВОРЕН ДЕН ВО СКОПСКАТА ЖИВА ГРАДСКА ЛАБОРАТОРИЈА (SKULL)

Почитувани,

Ве покануваме да присуствувате на првиот Отворен ден што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ.

Отворениот ден е една од активностите што SkULL, како дел од ROCK* проектот, ќе ги организира во следните дeсeт месеци со цел да се вклучи јавноста во искажување на своите мислења за проблемите и состојбите во Старата скопска чаршија, како и за можностите за нивно решавање и ревитализација на овој исклучителен просторен, социјален е мемориски дел на градот. Целта е да овозможиме вклучување и активно учество на што поголем број заинтересирани и засегнатите чинители. Покрај институциите што се задолжени да се грижат за Старата чаршија клучен придонес треба да дадат сопствениците на дуќани, занаетчиите, разните здруженијата и невладини организации чие делување е поврзано со чаршијата и сите граѓани кои ја познаваат и почитуваат посебноста на Чаршијата, но истовремено стравуваат поради нејзината постепена деградација.

Во рамките на Отворениот ден ќе бидат презентирани можностите за делување што ги отвора постоењето на SkULL, ќе бидат разменети мислења за актуелните проблеми и можните начини за решавање. Мислењата и сугестиите, воедно треба да им послужат на институциите во планирањето на идните активности за просторен развој и заштита, како и на ДУП кој е во процес на подготовка.

Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата покана и со своето учество ќе придонесете за отворањето на патот кон решавање на некои проблеми од чаршиското функционирање.

Ве очекуваме во среда, 15.05. во 13 часот, во просториите на Скопската жива градска лабораторија што се наоѓаат во Европската улица бр.11

Срдечно,

SkULL - Скопска жива градска лабораторија

Скопје, 07.05.2019 година

* ROCK проектот, чиј полн наслов е „Регенерација и оптимизација на културното наследство во градови базирани на креативност и знаење“, е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и во неговата реализација учествуваат Градот Скопје и Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.