На 04.12.2017 година, во рамки на програмата „360“, а со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Македонија, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа предавањето на д-р Лукаш Станек (dr. Lukasz Stanek), предавач на Манчестерскиот архитектонски истражувачки центар при Универзитетот во Манчестер, Велика Британија.
Во своето предавање, насловено; „The Worlding of the Eastern European Experience: Architects from Socialist Countries in Cold War West Africa“, Станек ги претстави резултатите од неговото долгогодишно истражување од областа на историјата на архитектурата, насочено кон проучување на ангажманот на архитектите, урбаните планери и градежните претпријатија од поранешните социјалистички земји во постколонијална Гана и Нигерија во 60-те и 70-те години од минатиот век.
Поткрепен со информации добиени преку теренска работа во регионот, но и преку проучување на мноштво пишани извори, Станек аргументираше дека архитектите од Унгарија, Полска и поранешна Југославија кои активно работеле во овие две земји, неретко правеле паралели помеѓу историското искуство на Источна Европа и западна Африка, сфатени во контекст на нивната неразвиеност, колонизираност и периферност. При својата работа во Гана и Нигерија, а како последица на нивното претходно - историско - искуство, овие архитекти успеале да развијат и применат дистинктивни проектански алатки и постапки карактеристични за централноевропската архитектонска култура, кои подоцна нашле начин да ги применат работејќи во земјите од западна Африка.
По прецизното и енергично излагање на Станек следуваше кратка дискусија во која земаа учество повеќе студенти и наставници од Архитектонскиот факултет во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината