НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА ПАВЕЛ ВЕЉАНОСКИ
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 30.11.2017 година, во склоп на програмата „Талент“ свое излагање имаше магистер архитект Павел Вељаноски, алумни на Архитектонскиот факултет во Скопје. За време на студиите тој три години бил вклучен во наставниот процес на факултетот како соработник на предметите: Архитектонско студио 1, Архитектонско студио 2, Архитектонско студио 3, Архитектонско студио 4 и Внатрешна архитектура. Вељаноски ги завршил своите магистерски студии во јануари 2017 години и е првиот добитник на наградата за архитектура ,,Тигрите”,која амбасадата на Република Полска во Скопје ја доделува за најдобро изработен магистерски проект на студент од Архитектонскиот факултет во Скопје.
Пред бројната публика составена од студенти, наставници и колеги архитекти Вељаноски најпрво се осврна на своите активности на полето на неформалното образование, студиските патувања и стручните искуства кои ги добивал и практикувал паралелно со процесот на студирање. Тежиштето на излагањето, пак, беше на претставувањето на неговиот магистерски проект насловен „Пејзажна инфраструктура - одржливо размислување при процесот на просторно планирање“, работен под менторство на проф. д-р Митко Хаџи Пуља. Вељановски најпрво го образложи методотна истражување кој го применил, од кој подоцна произлегле и клучните аспекти на просторната анализа на избраниот територијален отсечок - котлината Пелагонија.Идејата на трудот е вклучување на мноштво аспекти преку кои е дефиниран пејзажот на Пелагонија со цел нивно соединување во една интегрирана производна целина,која освен со своите производни капацитети истовремено би го збогатила контекстот преку надоврзување на циркуларното функционирање на природните процеси и на таков начин дополнително би го стимулирала функционалниот капацитет на целокупниот предел. Во продолжение, како главна придобивка од овој труд Вељаноски го потенцираше фактот што тој не завршува како конкретен предлог-проект, туку може да се користи како метод/модел на интегрирано инфраструктурно размислување, па со самото тоа и како алатка за истражување во разни изградени и неизградени средини.
По впечатливото и енергично излагање на Вељаноски следуваа повеќе прашања од присутните студенти и наставници од Архитектонскиот факултет во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината