НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА САРА СИМОСКА
Во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“, на 23.11.2017 година, во склоп на програмата „Талент“ свое излагање имаше магистер архитект Сара Симоска, поранешен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. По комплетирањето на четвртата студиска година на Архитектонскиот факултет Симоска го продолжила своето образование на одделот за архитектура при Политехничкиот универзитет во Милано, каде магистрирала во 2016-та година.
Во своето излагање насловено „Размер: град, маало, куќа“, Симоска се претстави со неколку свои истражувачки и архитектонски проекти и реализации, работени на различни локации и во различни мерила. Таа најпрво се осврна на аналитичкиот дел на својот магистерскитруд насловен „Skopje Reckless: Towards A Dynamic Habitat“, кој се занимава со проблемот на интензивното и речиси неконтролираното згуснување на веќе изградениот простор на градот Скопје, што придонесува за исчезнување или деградација на јавните и зелените површини во градот. Во продолжение, Симоска се осврна на нејзиниот проект „Урбан модулор“, замислен како монтажен архитектонски елемент за поправка на јавните простори во градовите низ Македонија, изведен со партиципација на волонтери и локални жители, а реализиран како проект на организацијата МЕЛЕЕМ, на која Симоска е основач. Последен проект кој беше претставен беше првонаградениот конкурсен проект за привремен простор за живеење (Temporary Living Space), спонзориран одкомпанијата „Molteni & C Dada“, а изведен во рамки на активностите на овогодинешната Болоњска недела на дизајнот (Bologna Design Week).
По впечатливото и енергично излагање на Симоска следуваа повеќе прашања од присутните студенти и наставници од Архитектонскиот факултет во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината