УПАТСТВО
За пријавување на Интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година
Апликантите на Интерниот оглас треба да пополнат пријава (Прилог 1).
Откако апликантите ќе ја пополнат и снимат пополнетата пријава најдоцна до 6.10.2021 год. треба да ја испратат на мејл адресата:
заедно со сите потребни документи снимени во pdf формат.
Комисијата прави евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената пријава и документација врз база на која самостојно ги пресметува поените и прави на Ранг листа за секоја студиска година посебно.
Ранг листите се објавуваат на интернет страницата на Факултетот најдоцна до 13.10.2021 год.
Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг листи најдоцна до 20.10.2021 год.
Комисијата ги разгледува и одговара на поднесените приговори во рок од 5 работни дена. Доколку Комисијата утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од Ранг листата.
ПРВОРАНГИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ОД СЕКОЈА ЛИСТА ЈА СОЧИНУВААТ КОНЕЧНАТА РАНГ ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА ПОГОДНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УПИСНИНАТА НА ЕДИНИЦАТА.
Конечната ранг листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2021 година.
Прилог 1.
|
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината