Прв академски час за учебната 2017/2018 година на 68-та генерација новозапишани студенти на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во СкопјеНа 15.09.2017 година, на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа првиот академски час за учебната 2017/2018 година, со свечено доделување на индексите на 68-та генерација новозапишани студенти во прва година.
Пред многубројните присутни на настанот: студенти, професори, соработници и гости, свое поздравно излагање имаа проф. д-р Огнен Марина - декан на Архитектонскиот факултет во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и доц. д-р Јован Ивановски, продекан за наставно-научни и студентски прашања на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Потоа следуваше церемонијата на доделување на индексите, по што новите студенти заедно со своите професори направија обиколка низ факултетската зграда со цел да се запознаат со нејзините просторно-програмски единици.
Церемонијата на првиот академски час заврши со колективна фотографија на студентите и дел од професорите пред главниот влез на Архитектонскиот факултет во Скопје.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината