Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на разговор во живо за книгата „Мастерпланот“ од Реиниер де Грааф во рамки на серијата Пролетни предавања. Разговорот на архитектите Реиниер де Грааф и Митеш Диксит ќе се одржи во среда на 26. мај 2021 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/87551536421
Реиниер де Грааф е холандски архитект и писател. Тој е партнер во Офисот за Метрополитенска Архитектура (ОМА), каде што води проекти во Европа, Русија и Средниот исток. Реиниер е ко-основач на тинк-тенк организацијата ОМА АМО и визитинг професор по Урбан дизајн на Сер Артур Маршал одделот за архитектура на Универзитетот во Кембриџ. Тој е автор на книгата „Четири sида и покрив: Комплексната природа на едноставна професија“, прогласена за најдобра книга за 2017 година и од „Фајненшл тајмс“ и од „Гардијан“.
„Мастерпланот“ од Реиниер де Грааф - воодушевувачки роман за еден архитект и неговиот икаровски лет кон славата.
Во прашањето да го дизајнира главниот град на една млада африканска република, Родриго Томас препознава животна можност. Со желба да го надмине својот славен татко, тој прифаќа, но наскоро открива дека не е сè како што изгледа...
Бележејќи ја траекторијата на желбата на архитектот за признание, „Мастерпланот“ претставува измислена реконструкција на еден архитектонски сон разнесен во прав од поголеми сили. Лична приказна која открива поголема приказна - за борбата на млада нација со колонијалните остатоци, растечкото кинеско влијание во Африка и проблематичното работење на глобалниот пазар на недвижнини. Фатен во вкрстен оган, архитектот мора да прифати дека неговите избори имаат неочекувани импликации. Ќе има ли време да се прилагоди курсот?
„Мастерпланот“ е првиот роман на архитектот Реиниер де Грааф, автор на критички признаената “Четири ѕидови и покрив: Комплексната природа на едноставна професија“ (Универзитет Харвард, 2017) - колекција есеи за современата архитектура фалена за нејзината стилска духовитост и искрено прикажување на вплетканоста на архитектурата во структурите на политичката и економската моќ.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината