Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на четвртото предавање од серијата Пролетни предавања. Предавањето на архитектот Џонатан Џексон насловено „#000000“ ќе се одржи во четврток на 13. мај 2021 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/81189678744
Џонатан Џексон е архитект, основачки партнер на WeShouldDoItAll. Дипломирал архитектура на Kent State University. Пред основањето на WSDIA во 2004 година, тој работел за архитектите Studio Archea во Италија, Archi-Tectonics и Lindy Roy во Њујорк. Работел 2 години во одборот на директори на AIGA/NY и како гостин критичар на Columbia University GSAPP, Pratt University, Rhode Island School of Design и Ecole Superieure en Visual Merchandising Design во Швајцарија.
Предавањето на Џексон „#000000“ се однесува на креативните професии како: дизајнот, архитектурата и урбанистичкото планирање, поточно, нивното прогледување низ прсти на суптилните и бесрамни расистички тактики кои ги зајакнуваат нашите огромни нееднаквости и ги зголемуваат практиките на надмоќ на белците. Соочени со барањата на антирасистичките движења, на многумина во индустриите кои не сакаат да се спротивстават на сопственото соучество кон надмоќта на белците - 2020 година насилно им ги отвори очите. Тие сега се натпреваруваат да ги „поправат“ хомогените пејзажи што ги создадоа. Брканицата при ова нагло будење продолжи на болни и бесчувствителни начини, што уште еднаш доведе до упад во црните простори.
„#000000“ гледа на просторот во разни медиуми, вклучувајќи ја и работата на WeShouldDoItAll, што се однесува на расата, дизајнот и како зајакнувањето и раскажувањето на погрешно претставените и маргинализирани заедници продолжуваат да опстојуваат. #000000 е поделено на три различни категории: правење простор, упад во просторот и безбеден простор. Секоја од овие категории илустрира како идеите за угнетување, бришење и издржливост се манифестираат и во нашиот ментален и физички простор.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината