Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани предавањето од серијата Пролетни предавања. Предавањето на архитектката, доцент Амбер Бартош насловено „Имерсивни инфраструктури“ ќе се одржи во среда на 21. април 2021 год. со почеток во 19:00 часот преку платформата Zoom.
Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/89618691926
Амбер Бартош е LEED акредитирана архитектка и дизајнерка на ентериери, која проектирала и водела наградувани проекти во САД, Кина, Кувајт и О.А.Е. Таа дипломирала уметност и архитектура на Универзитетот Рајс, а магистрирала на Институтот за архитектура во Јужна Калифорнија (SCI-Arc). Амбер Бартош во моментот е доцент на Архитектонската школа на Универзитетот во Сиракуза, соработник во Центарот за извонредност во Сиракуза и ко-директор на Лабораторијата за интерактивен дизајн и визуелизација (IDVL). Нејзината работа се фокусира на архитектонската примена на нови материјали и технологии преку физичко прототипирање и напредна визуелизација преку хибридни симулации на реалност.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината