ПРЕДАВАЊЕ на проф. Маруша Зорец
Ве покануваме да присуствувате на предавањето на архитектот Маруша Зорец професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Република Словенија.
Предавањето ќе се одржи во среда, 27.11.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Предавањето е организирано во рамките на програмата „Деканската серија на предавања“ фокусирани на педагогијата и современата практика во архитектурата.
Маруша Зорец работи како архитект од 1992 година и е професор на Архитектонскиот факултет во Љубљана. Во минатото била асистент на Војтех Равникар, кој оставил силна трага нанејзиниот начин на работа и разбирањетона архитектурата. Покрај тоа, таа се восхитува на работата на словенечките архитекти Едвард Равникар и Отон Југовец, но таа најмногу е инспирирана од самата природа.
Иако е најпозната по нејзините проекти за реновирање на историските градби, кои таа суптилно ги трансформира со храбри и нови дополнувања, нејзините активности се движат од сценографии до урбани интервенции, од истражување на словенечката архитектура од 1960-тите и 70-тите години до пишувањето. Таа секогаш се обидува да открие различни слоеви на просторот, но нејзиното најголемо восхитување е резервирано за празнини и природа. Таа е основач на колективот на архитекти Arrea Aрхитектура.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината