Почетокот на летниот испитен рок го означува крајот на програмата „Остани дома – учи архитектура од фотелја“. Замислена како времена образовна содржина со цел премостување на периодот од една, најмногу две недели сè до повторната нормализација на состојбата и враќањето на вообичаениот начин на работа на факултетот, таа стана наше секојдневие. Изминатите 99 дена направивме избор од јавно достапни предавања од повеќе генерации архитекти, пејзажни архитекти, дизајнери и уметници со богато творечко искуство и значајно влијание врз современите текови на светската архитектура. Покрај општиот преглед низ оние творци и практики кои се актуелни или кои не можат да се заобиколат како појави на глобалната архитектонска сцена, поблиску се запознавме и со истакнатите претставници во неколку земји со богата архитектонска мисла, историја и култура, како: Холандија, Швајцарија, Шпанија, Велика Британија, Јапонија, САД... Беа објавени и излагањата на повеќе светски реномирани архитекти и професори по архитектура кои гостуваа на Архитектонскиот факултет во Скопје по повод јубилејот 60 години од неговото постоење, мапирајќи ја на тој начин и нашата школа на картата на позначајните. Предавањето насловено „Повеќе го нема: уметноста на исчезнувањето“ на бугарско-американскиот скулптор, фотограф и концептуален уметник Христо Владимиров Јавачев (1935-2020) е последното предавање во рамки на програмата „Остани дома – учи архитектура од фотелја“. Уметничките интервенции на Христо и неговата партнерка Жан-Клод припаѓаат и во природниот и во изградениот свет и ги истакнуваат токму квалитетите на привременоста како состојба. Убавината на нивните уметнички дела произлегува и од фактот дека не се трајни, заради што изобилуваат и со чувството на итност да бидат видени и со намерата да ни ја пренесат сета човечка ранливост. |
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината