arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

NaSkopjeSoLjubov

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА
„НА СКОПЈЕ, СО ЉУБОВ!“
 
 
13 НОЕМВРИ 2017, 19 ЧАСОТ, МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
 
На 13ти ноември во 19:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе се одржи промоција на книгата „На Скопје, со љубов! - Архитектонската мисла на Живко Поповски“ приредена од Анета Христова - Поповска и Мери Батакоја, а во издание на Приватен принт Скопје. За книгата, а и за делото на Живко Поповски ќе зборуваат академик Влада Урошевиќ, проф. архитект Мартин Гулевски и поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.
Оваа книга преставуваа комплетна збирка на текстови, колумни и интервјуа кои архитектот Живко Поповски ги напишал и објавил во текот на својот живот, надополнета со авторски цртежи и два воведни текста од приредувачките. „На Скопје, со љубов!“ е прва книга која во фокус го става интелектуалниот ангажман на архитектот Живко Поповски. Збирката на текстови во книгата не се држи само во рамките на архитектонското, туку оди подалеку, гледајќи го градот во културолошки релации, а тоа ја прави исклучително важна за пошироката публика. Преку овие текстови архитектот Живко Поповски ни се открива и како свесен и критичен граѓанин, кој интелектуално го промислува градот во којшто живее. Во нив, тој недвосмислено ни ја предава и сета своја љубов за Скопје.
 
Истражувачкиот дел на проектот е реализиран со академска поддршка на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и техничко-финансиска поддршка на Арт проект лаб - Скопје и Град Скопје.
 
објавено на: 2017-11-11 16:22:17