arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

iknow

menu

menuB

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd
  

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА СОПИШТЕ 

Потврдувајќи ја континуираната посветеност и грижа на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за просторниот и урбанистичкиот развој на општините во државата, како и одговорноста на Факултетот за поддршка на одржливиот развој на локалните заедници, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Општина Сопиште на 3-ти мај, 2022 година потпишаа Меморандумот за соработка со што го засилуваат партнерството.

Градоначалникот на Општина Сопиште м-р Стефче Трпковски и Деканот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје професор д-р Огнен Марина ја потврдија важноста на заедничката соработка помеѓу двете институции која во иднина ќе овозможи блиска соработка при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти, планови, активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој, посебно во областа на планирањето, архитектурата и културното наследство, како и унапредување на наставниот процес и истражувачката дејност со размена на знаења и искуства. Со овој Меморандум се потврдува и успешната соработка помеѓу Општина Сопиште и Архитектонскиот факултет при УКИМ, која во изминатиот период резултираше и со донација од страна на Архитектонски факултет на мебел и опрема за потребите на Општината.