arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

VizijaSkopje2021

ВИЗИИ ЗА ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Јавна презентација на студентски задачи од предметот УО2 од 9ти семестар

Јавната презентација на студентските трудови ќе се одржи на 18ти февруари 2021 год. со почеток во 10:00 часот, онлајн преку платформата Микрософт Тимс и на неа се поканети да присуствуваат Локалната самоуправа на Град Скопје, колегите од Архитектонскиот факултет Скопје и сите заинтересирани стручни лица и граѓани.

На презентацијата може да се приклучите следејќи го следниот линк:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join

Градот Скопје е во процес на изготвување нов Генерален урбанистички план, со кој ќе се воспостават насоки за неговиот просторен развој за наредните 10 години.
Но, за градот мора да се размислува подолгорочно и креирање ВИЗИЈА е базата врз која треба да се гради КОНЦЕПТ на просторниот развој и СТРАТЕГИЈА која ќе ги постави главните теми и одреди чекорите за остварување на ВИЗИЈАТА.
Токму затоа, студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, се впуштија во авантурата за креирање ВИЗИИ за Градот Скопје.
Во рамки на јавната презентација студентите ќе ги престават своите ВИЗИИ, КОНЦЕПТИ, СТРАТЕГИИ и ПРОЕКТИ, на кои тие работеа во 9-тиот семестар, по предметот Урбанистичко обликување 2.
Изработени се 18 визии-концепти-стратегии-проекти, со кој се испитуваа можностите за иден просторен развој на Градот Скопје и истите претставуваат допринос кон градењето на одржлива иднина на градот.
10.00-10.30_Воведен збор на менторот, деканот, градоначалникот;
10.30-12.00_1-6 група
12.30-14.00_7-12 група
14.30-16.00_13-18 група