Жан Молитор патува низ светот веќе десет години, поттикнат од визијата да создаде меѓународна фотоархива на градбите на Модерната, која од 2016 г. научно е поддржана од историчарката по архитектура, д-р Каија Фос. Во проектот „bau1haus“, Молитор има за цел да го документира меѓународното влијание на Баухаус врз развојот на модерната архитектура. Притоа, тој сака да ги прикаже глобалните врски и космополитската размена на модерното градење.
Областа на истражување се протега од Вајмар, каде што во 1919 г. е основано легендарното уметничко училиште Баухаус, преку цела Европа до Африка, Америка и Азија. Изложбата на фотографии патува во места каде што луѓето со децении живеат со своите архитектонски богатства, но можеби не се секогаш свесни за нив. Речиси секаде има изненадувачки траги на Модерната: меѓу Берлин и Кабул, Штутгарт и Тел Авив, Санкт-Петербург и Хавана, во Гватемала или во Букаву во Конго се наоѓаат секогаш одново врвни дела на градежната уметност без кич.
Изложбата во различни комплекси се доближува до целиот спектар на модерното градење. Во центар на вниманието не се архитектонските икони како мајсторските куќи во Десау, туку пред сѐзградиштогодокументираатмеѓународниотдухнавреметовонивнотосекојдневие, меѓунив, станбениповршини, кина, училишта, населби, театри, вили, болници, бензискипумпиииндустриски градби. Тие ги отсликуваат и итните прашања на првата половина од 20 век: нова мобилност, социјална градба на станови, градска хигиена, медицинска грижа како и настојувањето за образование и активности во слободното време.
Преку висококвалитетни црно-бели фотографии, прочистени од секакви влијанија што пречат, Молитор се концентрира со трезвен поглед на естетиката на архитектурата.
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината