ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА ВО SkULL ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА ВО МИНАТОТО
Ве покануваме да ја посетите изложбата на стари фотографии „ Старата скопска чаршија во минатото“.
Изложбата е реализирана во соработка со Музејот на Град Скопје, а е во непосредна организација на Скопската жива градска лабораторија (SkULL), Градот Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ, и е дел од ROCK проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020. Изложениoт фотоматеријал за овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел од градот е дел од архивата на Музејот на Град Скопје.
Изложбата ќе биде поставена во просториите на Скопската жива градска лабораторија- која се наоѓа на Европска улица бр.11 во Старата скопска чаршија, од 4.07-4.09.2019.
Ве очекуваме!
Срдечно,
SkULL - Скопска жива градска лабораторија
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност,летен семестар академска 2024-2025
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината