Почитувани,
Ве известуваме дека денес, на 09.11.2017 година, неколку минути по 9 часот наутро, во објектот на Архитектонскиот и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во работни простории за наставници - избувна пожар.
Благодарение на брзата, присебна и навремена реакција на нашите вработени: Симе Бужаровски, Бојан Каранаков, Тана Кулеван, Наде Велковска, Наташа Јовановска, како и на други вработени од Архитектонскиот и од Градежниот факултет, сите студенти и наставници кои во моментот се наоѓаа во објектот беа безбедно евакуирани, а истовремено беше започнато и со примарна локализација на пожарот. Кратко по пријавувањето на настанот во Противпожарната бригада на Град Скопје, на опожарениот простор беше интервенирано со 12 противпожарни возила и 26 пожарникари, по што за кратко време пожарот беше локализиран. Во оваа прилика сакаме да им изразиме исклучителна благодарност на членовите на Противпожарната бригада на Град Скопје за покажаното знаење, пожртвуваност и висок професионализам.
НОВИ ДИЈАЛОЗИ/ ПРОГРАМА: ТАЛЕНТ
ИЗЛАГАЊЕ НА НИКОЛА ЃОРЃИЕВСКИ
На 31.10.2017 година, со почеток во 18 часот, на Архитектонскиот факултет во Скопје се одржа вториот од серијата планирани излагања во рамки на воннаставната платформа „Нови дијалози“.
Во рамки на програмата „Талент“, свое излагање имаше Никола Ѓорѓиевски,поранешен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој по комплетирањето на вториот циклус постдипломски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје своето образование го продолжува на нови магистерски студии во Осло, Норвешка, при државната архитектонска школа „АHO – The Oslo School of Architecture and Design” насока “Landscape Urbanism”. Дел од своите студии тој ги поминува во Глазгов, Шкотска, при школата за aрхитектура „The Mackintosh School of Architecture” (MSA), во склоп на школата за уметности „The Glasgow School of Art” (GSA).
oбјавено на : 2017-10-31 14:27:50
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината