
Во рамките на Денот италијански дизајн во светот, Амбасадата на Р.Италија и Италијанската Трговска Агенција во Скопје, во соработка со Архитектонскиот факултет Скопје при УКИМ во Скопје, организираат Мастерклас по архитектура и дизајн со Simone Micheli Architectural Hero (https://www.simonemicheli.com/), една од најреномираните и најнаградувани архитектонски куќи во Италија.
Мастеркласот ќе се одржи на 11 март во аудиториумот на Архитектонскиот Факлутет во Скопје со почеток во 11 часот.
Simone Micheli Architectural Hero е дизајнерска фирма со канцеларии во Фиренца, Милано, Пунталдија, Дубаи, Рабат и Пусан, основана во 2003 година од Симоне Микели, наградуван архитект со меѓународна репутација (1964-2025), и Роберта Кола, извршен директор на компанијата. Професионалните активности на компанијата опфаќаат широк спектар на области: од мастер планови до архитектура и внатрешен дизајн, од дизајн до визуелни елементи, графика, комуникација и организација на настани, заедно со постојана посветеност на истражување и предавања на универзитети, конференции, работилници во бројни градови ширум светот. Креациите, кои се еко-одржливи се карактеризираат со силен идентитет и уникатност. Биле претставени на најважните меѓународни изложби и имаат освоено бројни меѓународни признанија и награди, меѓу кои Внатрешен дизајнер на годината (2008) во Лос Анџелес и повеќе Archiproducts Design Awards, последно за колекцијата Pills во 2025 година.
Темата на овогодинешното издание на Денот на Италијански Дизајн во светот е РЕ-ДИЗАЈН: Регенерирање на простори, објекти, идеи" со фокус на користење на дизајнот за обновување и подобрување на урбаните средини, објекти и социјални врски. Дизајнот промовира циркуларна економија и одржливост, претворајќи ги секојдневните предмети и простори во активни, корисни компоненти на екосистемите.
Мастеркласот ќе го одржи Роберта Кола, извршен директор на Simone Micheli Architectural Hero, и ќе ги сподели своите размислувања за професионалното патување и дизајнерската филозофија на Симоне Микели, познат по својот "херојски" пристап кон дизајнот, кој ги спојуваше високотехнолошкиот футуризам со одржливи и емотивни сензорни искуства. Позната е неговата визија за просторот како "лабораторија за иднината, " каде приоритет е човечката благосостојба и "луксузот на времето" наспроти материјалната акумулација. Предавањето исто така ќе истражи како проектите во внатрешната архитектура и визуелната комуникација придонесуваат за повторно генерирање на идентитетот на местата и обликување нови дизајнерски наративи.
Мастеркласот е наменет за професионални архитекти, дизајнери, професори и студенти.
Учеството на Мастеркласот е бесплатно, преку регистрација на следниот линк: https://forms.gle/jhgGwmG7YA1pNmCEA
Italian Design Day е проект на италијанското Министерство за надворешни работи со кој се промовира дизајнот како универзална експресија на “Made in Italy”. Денот на италијанскиот дизајн се одбележува со богата програма со настани организирани од италијанските амбасади низ целиот свет.
Call for Participation: PhD Talks 2026 – Research in Process, 23–24 March 2026
The Research Center (CID) of the University of Belgrade – Faculty of Architecture invites PhD candidates to apply for participation in PhD Talks 2026, to be held on 23–24 March 2026.

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2025-2026

ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, зимски семестар академска 2025/2026
ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар за академската 2024/2025
ERASMUS+ конкурс за индивидуална студентска мобилност, летен семестар академска 2024-2025
9th CONFERENCE OF INTERDISCIPLINARY RESEARCH ON REAL ESTATE SKOPJE, NORTH MACEDONIA, OCTOBER 10-11, 2024
Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

