Проект Скопје
Светските архитекти од Јапонија, Холандија и САД, 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје, повторно во Скопје ќе разговараат за моќта на архитектурата и урбанизмот.
Со три дневниот „Проект Скопје“, кој ќе се оддржи од 21 до 23 октомври годинава, Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе продолжи со одбележување на 70 годишнината од своето основање и 55 годишнината од донесувањето на планот за реконструкција на центарот на градот Скопје.
Проекцијата на филмот „Духот на Баухаус“, кој во рамки на програмата „Филм“ од воннаставната платформа „Нови дијалози“ и во соработка со Германската амбасада во Скопје и Музејот на современата уметност, ќе биде прикажан во салата за проекции на Музејот во среда, 6.11.2019 година, со почеток во 19.00 часот.
Ве покануваме на промоција на публикацијата „Архитектурата на новата музеологија: од музеј-зграда до музеј-територија“, приредена од доц. д-р Мери Батакоја. Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.
Промоцијата е замислена како разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова - Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ - Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ - Скопје, во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , на 26.12.2019 (четврток), во 13 часот.
Промоцијата ќе ја отвори Деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Огнен Марина.