АРХИТЕКТОНСКО ПРОЕКТИРАЊЕ 1  
2025/2026 летен семестар
 
 
фонд на часови:2+2

брoј на кредити:4

 

 >>>  Учесници во настава:

проф.д-р Марија Мано-Велевска
доц. д-р Благоја Бајковски
дем. Ана Ташковска
дем. Галена Филиповска
 

  

 

>>> ПРЕДАВАЊА 

       среда 9.00-10.45, Амфитеатар АФ

 

>>> ВЕЖБИ 

       среда  11:00 - 15:00, Голема сала АФ

       во групи, според распоред 

  >преземи: распоред за вежби 

  >преземи:

  >преземи:извадок од предавање 25.02.2026 

 

 >преземи: извадок од предавање 10.12.2025

Лекции по архитектура: ПРОСТОР И ТЕЛО

 

Низ семестарот студентите треба да се оспособат:

> да ја вреднуваат архитектурата во која живеат и да ја чуствуваат.

> да го поврзуваат нивниот стан со човечките карактеристики.

> да го вреднуваат просторот и димензиите во нивниот дом, посебно нивниот личен простор- спалната соба.

да научат како да ги користат инструментите за мерење.

да го користат нивното тело како размерник (мерен  инструмент).

да научат да илустрираат ситуација преку основа (план) и пресеккористејќи коректни симболи.

да развијат способност за анализирање на простор и организација во простор.

да илустрираат просторни ситуации од фантазија – соба/стан преку употреба на архитектонски цртежи, модели, колажи, бои, текстури...

 

 

 


 
 

ВЕЖБА бр.6 > ОЗНАКИ НА МЕБЕЛ И ОПРЕМА

учење на графичките презентации во архитектонскиот проект

 

термини за изработка: 25.2.2026, 4.3.2026

се изработува на бела хартија, во молив

вежба бр.6 се предава на терминот за вежби 4.3.2026

 

преземи: в.6. ОЗНАКИ - мебел и опрема

 
 

ВЕЖБА бр.7 > СНИМКА НА СТАН  

учење на графичките презентации во архитектонскиот проект: план (основа

снимка на сопствениот дом и претставување преку план

 

термини за изработка:  25.2.-11.3.2026 (4.3.2026-консултации)

се изработува на бела хартија, во молив

вежба бр.7 се предава на терминот за вежби 11.3.2026

 
преземи: в.7.СНИМКА НА СТАН
 
 
 

ВЕЖБА бр.8 > ПРОСТОР И ТЕЛО. СОБА 

серија на куси вежби за разбирање, анализирање и вреднување на просторот во кој студентот живее како појдовена постапка во подобрувањето и создавањето нов простор:

в.8.1: мерки, размер и користење на соба

> презентирање на сопствената соба (план и пресек); мерка на сопственото тело

в.8.2: програмирање на простор

> програм што собата може/треба да го вклучи

в.8.3: развивање на идеја од програм до план: организација во/на простор

> нова организација на сопсвената соба

 

термини за изработка и консултации: 11.3.2026; 18.3.2026; 25.3.2026.

се изработува на бела хартија, во молив

вежба бр.8 се предава на терминот за вежби 1.4.2026

 
 
 

ВЕЖБА бр.9 > ПРОСТОР И ТЕЛО. СТАН

серија на куси вежби за разбирање на функционалните единици и целини во станот:

в.9.1: простори за спиење и одржување нега и хигиена на тело

в.9.2: простори за приготвување и земање на храна

в.9.3: простори за влегување и престојување

термини за изработка и консултации: 1.4.2026; 15.4.2026; 22.4.2026; 29.4.2026.
се изработува на бела хартија, во молив

вежба бр.9 се предава на терминот за вежби 6.5.2026

 
 

 

ВЕЖБА бр.10 > ПРОСТОР И ТЕЛО. ПРОЕКТ ЗА СТАН

развивање на концепции на организација преку проектирање на зададен програм.

термини за изработка: 6.5.2026,13.5.2026; 20.5.2026.

се изработува на бела хартија, во молив

вежба бр.10 се предава на терминот за вежби 20.5.2026.

 
преземи: