Студентот може да позајмува книги само лично, со индекс заверен за тековната учебна година. При секоја посета на библиотеката, за читање или изнајмување книги, задолжителна е идентификацијата со индекс. На почеток на семестарот студентот добива печат дека е задолжен а на крајот на семестарот се раздолжува за што повторно добива верификација во индексот со печат дека е раздолжен. Индексот е задолжителен посебно при првото доаѓање во библиотеката, за да се евидентира со печат добивањето картон, со кој понатаму ќе можат да се позајмуваат книги. Печатот за раздолженост е услов за заверка на семестарот.

Студентот, во еден момент, може да користи најмногу четири книги. Книгите може да ги задржи според критериумите, кои зависат од видот на библиотечен материјал. Книгите кои библиотеката ги има во еден примерок, се користат во просториите на библиотеката – во читалната, а по исклучок се изнајмуваат на еден ден со депонирање на индексот. Книгите кои ги има во неколку примероци, но недоволно за вкупната целна група на кои и се потребни се изнајмуваат на неколку дена, во договор со Раководителот на библиотеката, исто така со депонирање на индекс. Списанијата, магистерските трудови и речниците се достапни само во просториите на библитеката. Скриптите и книгите кои ги има во доволен број примероци можат да се користат во текот на целиот семестар, но најмногу една календарска година.

При отпис од Факултетот, односно со завршување на студиите, студентот има обврска да ги врати сите позајмени библиотечни единици, за што добива писмена потврда.

Услови за добивање на потврда од библиотека за да се добие уверение Магистер

Студентите кои магистрирале неопходно е:

  • Да се раздолжат со сите книги кои ги должат во Библиотеката
  • Да донесат две укоричени верзиии од магистерската теза, посебно графички дел во А3 формат и посебно текстуалниот дел во А4 формат. Обата дела треба да се укоричени во тврд повез со бела позадина и текст испишан со црна боја.
  • Да донесат ЦД или ДВД со снимени фајлови во ПДФ формат, два документи, од кои едниот е текстуалниот дел а другиот е графичкиот дел. Пожелно е ПДФ документите да бидат што помали.

 Услови за добивање на потврда од библиотека за уверение Доктор

  • Да се раздолжат со сите книги кои ги должат во Библиотеката
  • Да се доставени две укоричени верзии од докторска теза