Согласно Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, дел III, член 4, по објавувањето на прелиминарната ранг-листа кандидатите имаат право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, кандидатот го губи правото на приговор во натамошната постапка во однос на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметување на бодовите и се упатува до Конкурсната комисија на факултетот. Решението на комисијата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на факултетот и на веб страницата на факултетот.

Образецот за Приговор до Конкурсната комисија кандидатите можат да го преземат од веб страницата на факултетот.

 

По истекот на роковите за поднесување приговори и за нивно решавање, Конкурсната комисија, во рокот предвиден со конкурсот објавува решение за прием на студенти (конечна ранг-листа), врз основа на која се врши запишувањето.

 

 

ПРЕЗЕМЕТЕ: pdfОбразец за приговор