Се известуваат кандидатите кои ќе конкурираат на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии – постдипломски студии на Архитектонскиот факултет дека електронскиот систем за пријавување Iknow ќе биде отворен од петок, 11.09.2026 година од 16:00 часот. Сите кандидати треба задолжително да ја пополнат и комплетираат електронската пријава и да ги следат роковите за доставување документи согласно Конкурсот.