Почитувани,

Ве известуваме дека согласно студиската програма Додипломски студии по архитектура, Вашиот датум на дипломирање е датумот на последниот положен испит.
За да Ви се изготви уверение за завршен прв циклус студии потребно е да пополните и потпишете „Изјава за последен положен испит“, достапна на нашата веб страница, во која ќе наведете (со читлив ракопис или електонски пополнета) ваше име и презиме и број на индекс, датум на последен положен испит (кој и на изјавата и во Iknow системот мора да се совпаѓа со датумот кој е наведен во испитната сесија) и назив на последниот положен предмет.
Изјавата е потребно да ја донесете во три примероци и задолжително да ја заверите во архивата на факултетот. Едниот примерок е за архива, вториот мора да го доставите заверен во Студентска служба и третиот останува за вас.
Истовремено Ве известуваме дека Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за дигитална трансформација, подготви електронски обрасци ВОИ 50 ( за лица кои дипломирале на прв циклус на студии). Обрасците од оваа 2026 календарска година секој студент кој дипломирал на прв, втор или трет циклус на студии ќе може да го пополни на платформата uslugi.gov.mk.
Задолжително во студентска служба при доставување на „Изјавата за последен положен испит“ да доставите и доказ за успешно пополнет статистички образец ВОИ 50.