Почитувани декани, продекани, сенатори, наставно-научен кадар, секретари и др. вработени,
Во продолжение на претходно доставената информација, Ве покануваме да присуствувате на свечениот Прв академски час, со кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе го одбележи започнувањето на новата академска година и ќе ѝ посака добредојде на новата генерација студенти.
Свечениот настан ќе се одржи на 1 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј.
Во рамките на свеченоста ќе се одржи симболичниот чин на доделување индекси на по еден нов студент од секој факултет, како чин на добредојде во академското семејство на УКИМ.Во рамките на свеченоста ќе се одржи симболичниот чин на доделување индекси на по еден нов студент од секој факултет, како чин на добредојде во академското семејство на УКИМ.
Програмата ќе опфати свечени обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
Би Ве замолиле, во рамките на Вашите факултети, да ги известите новозапишаните студенти за терминот и местото на одржување на Првиот академски час и да ги поканите да бидат дел од оваа свеченост, со која официјално го започнуваат својот академски пат на УКИМ.
Вашето присуство ќе биде особено значајно за нашите нови студенти и заедничкото одбележување на почетокот на нивниот академски пат.
Воедно, добредојдени се сите вработени на факултетите и на Универзитетот – продеканите, замениците, наставно-научниот кадар, секретарите и стручните служби – да ни се придружат и заедно да ја споделиме свеченоста со новата генерација студенти.
Ви благодариме за соработката и го очекуваме Вашето присуство.
Ректор
Проф. д-р Биљана Ангелова