Во рамките на манифестацијата „Месец на науката на УКИМ 2026“, на 10 ноември 2026 година се одржа настанот „Ден на младите истражувачи на УКИМ“, на кој доц. д-р Теа Дамјановска од Архитектонскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го претстави своето истражување на тема:
„АРХИТЕКТУРА И МЕСТО: МОДЕРНИЗАМ, РЕГИОНАЛИЗАМ И АРХИТЕКТУРАТА НА ОХРИД 1948–1991“
Со номинацијата и учеството на овој настан, Архитектонскиот факултет – Скопје ја потврдува својата посветеност на научноистражувачката дејност и на поддршката и афирмацијата на младите истражувачи во областа на архитектурата.
